извесен (прид.) - количина (имн.)

За да се спречи тоа, била набавена извесна количина цемент и во берберницата внимателно внесена малку поголема количина вода.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Полицијата, правејќи во овој реон претрес, ненадејно влезе во неговата соба, го уапси и најде извесна количина динамит.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гемиџиите, што се наоѓале во Велес, очекувале дека ќе остане извесна количина динамит, за да можат и тие да направат нешто во Велес и во Скопје, но попусто.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)