избезумен (прид.) - лик (имн.)

Во еден миг тој сепак се врти кон нив и налутено им вели да си одат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Госпоѓа Цимер останува покрај куќата, и им објаснува дека тој така се лула секој ден, секогаш кога не свири на пијаното во неговата соба, или му помага на нејзиниот сопруг во столарството; а младите луѓе не ја слушаат, му се приближуваат на старецот со избезумен лик, кој продолжува да се лула, се лула додека тие му поставуваат прашања за поезијата, за метриката, и за Диотима.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)