идентичен (прид.) - начин (имн.)

Некои еволутивни биолози сугерираат дека секој ентитет што може да се реплицира себеси, без оглед на природата на процесот, може да еволуира на идентичен начин на којшто еволуираат генетските суштества.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Признавам, од опусот на Барт најмногу сум приврзана кон неговите подоцнежни книги, оние од постструктуралистичката фаза на неговото пишување, жанровски и методолошки хибридни (како Задоволство во текстот/Lе plaisir du texte, 1973, или Светлата соба/Lа chambre claire, 1980) и белким и поради тоа апсолутно заводливи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Твојата последна книга, која трага по Елен Лејбовиц една таинствена жена што сосема ненајдено, според својот сопствен избор и по своја свесна одлука, накратко влегла во Твојот живот, но и излегла од него на сосема идентичен начин не може да се толкува поинаку освен како низа фрагменти од љубовниот дискурс.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На тој начин, музиката може да добие во интерпретативен поглед, бидејќи истата композиција никогаш не се свири на идентичен начин.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, и тој, како и сите други кои го дефинираат писателот на идентичен начин, забораваат да кажат дека покрај љубовта кон пишувањето, писателите мора да имаат и љубов кон читањето или да не можат да живеат, ако не читаат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кој вели дека кодот за нејзиното искажување фамозниот љубовен dis-cursus функционира како некој вечен календар или некоја енциклопедија на афективната култура: постојано се врти во круг, повторувајќи се без прекин (Barthes, 2007: 17).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)