идеен (прид.) - творец (имн.)

Можеби причината беше немоќта да се создаде новиот идентитет на југословенската федерација на народи и народности врз хармонија на разликите, низ граѓанскиот демократски модел кој фаќаше корен во земјите во кои се урнуваше еднопартискиот систем, а не врз хиерархиска предодреденост на народите, врз потрага на конфедерален излез и други амортизери на монистичката исклучивост, која подоцна ќе мине и во националистичка еуфорија за владеење над своите и другите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Модерниот уметник, симболична личност, идеен творец и слуга на својот сопствен грб: гласник на самиот себе во крстоносниот поход за идните генерации и историјата на неговата уметност.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Народите живееја во еден вид фаталистички конформизам, споделувајќи ги натаму резултатите на утописката конструкција, чиј идеен творец, владетелот Тито, кој исчезна со верувањето дека нема алтернатива за комунизмот, с уште владееше со инерцијата на владетелите-наследници.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пишуваа за смрзнатата девојка на „Булеварот на вљубените“. – Како е можно ќерката на ценетиот архитект М.К., еден од идејните творци на Новиот Град, да се убие на таков страшен начин?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)