зрел (прид.) - јаболко (имн.)

Со здравата рака Циљка ја фати стврдната дланка на мајка си, ја принесе до усните, нежно ја бакна неколкупати и со насмевка полна тага, се потсети на нешто многу блиско, сакано и драго: - Мајко - рече тивко, гледајќи ја в очи - порано секогаш дланките ти мирисаа на топла погача и леб, на млеко и сирење, на сено и пченица, на зрело јаболко и печена круша, на вино и на мед, на џунџуле и босилок, на свежа ораница и на пепел од нашето огниште и од фурната.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во одајата е топло и мириса на зрели јаболка и дуњи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа есенско утро, кога низ воздухот се носеше благиот мирис на зрели јаболка и круши, Султана стана порано.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)