зрел (прид.) - жена (имн.)

И кога ја видов внука ми неколкупати заедно со таа зрела жена, со Лу Саломе, имав чувство дека Ана во неа ја открива таа благост, таа веселост, таа способност животот да ѝ го направи поубав и повесел (иако на никој друг Лу не му изгледаше ни блага, ни весела, ниту способна животот некому да го направи поубав и повесел), и можеби и самата Ана сакаше на Лу да ѝ го направи животот поубав и повесел, но ја спречуваше тоа што живееше за животот на својот татко, а претпоставував дека по неговата смрт смисла на нејзиното постоење ќе ѝ даде грижата за неговото дело. Неговото бесмртно дело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа веќе одамна се однесуваше како зрела жена, така што бракот немаше многу што да промени во нејзиниот начин на живот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Уште од раната младост имаше решено својот живот да му го посвети нему; нејзиното секојдневие се сведуваше на средување на она што доктор Фројд го напишал, консултирање околу неговите пациенти, организирање на неговите работни патувања, помош околу справувањето со болестите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За Авни, во миговите додека го пишуваше писмото до Сања, за да ѝ каже дека ја сака и дека секогаш ќе ја сака, беше сосема јасно оти влетал како граблива птица во час на вознес на еден посебен свет за кој не може да тврди разумски, но за кој во неговите гради се собираше клопче со разнобојни конци од чувства изврзани за тоа суштество што под неговата сила истовремено испушташе глас на зрела жена што раѓа и глас на штотуку родено дете.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Море, некако пред време ми се задевојчило. Погледни ја, преку ноќ се претвори во зрела жена. Зрела во телото, но не и во умот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сега Маре беше зрела жена, со зачувана но раскрупнета убавина, спокојно загледана во докторот, пријател на мажот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)