зрел (прид.) - година (имн.)

Приватно, ги користам и во пародично-носталгични мигови: 1 чинија пржени кикиритки + 5 шишиња пиво + 4 гимназиски другари во зрели години.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Модерна беше Јана во својата младост, а беше префинета во облекувањето и однесувањето и во своите зрели години.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Браздите на челото од домаќинот како годови ги покажуваа неговите зрели години, но две вертикални бразди токму на челото покажуваа нешто сосема друго.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По манирите и начинот на кој ја чешлаше косата разделена на патец, имаше детски изглед; така и се смееше: ситно како ѕвончиња да ѕвечат; тоа делуваше малку необично заради неговите зрели години и униформата; со детски манири ги глодеше и ребрата врвејќи ги низ устата како да се усна армоника.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Погледна кон прозорецот од кој се тргна жена, некаде во првите зрели години.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)