знаменит (прид.) - некропола (имн.)

Иако и тој и рабинот Михаел Молхо и инженерот Ели Модиано на Мертен му ги покажаа надгробните споменици со историско и културно значење, иако тој им вети дека нема да се сквернават гробовите стари до 30 години, исчистија сè.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ги снема спомениците на обични луѓе и знаменити личности, мермерни знаци, историски сведоштва на сефардските четири века, за романиотските 18 столетија на една знаменита некропола и барем 24 векови гробно незачувано присуство на овие простори отидени во шут, распарчени плочи и багателен градежен материјал на огромна површина.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)