златен (прид.) - рог (имн.)

Таму е ресторанот Златен рог. Скоро истиот е, само малку е потемнета бојата на рамката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога имате намера да влезете во Истанбул, тоа не ќе можете да го сторите без да го пречекорите „Златниот Рог“, преку еден од овие монументални мостови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ќе го бараш Сетворителот и Седржителот за да му заблагодариш што ти помогнал да изградиш куќа и во куќата Ангелот од Курбиново, и стиховите-пеперуги кои излетуваат од твојата уста и ја осветлуваат шумата од костени, во која пладнуваат елени со златни рогови и со сребрен ѕвон ги веселат темелите на куќата и ги озвучуваат ѕидовите, та кој ќе помине крај неа застанува да се наслуша и подмладен да го фати Патот на Апостолите, пресреќен што се упатил кон Бога, како што си се упатил и ти самиот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Наведнати над оградите на „Галата Ќупри“ можете со часови да стоите и со чудна внимателност да ги посматрате многубројните кајаци, кои се расеале меѓу големите бродови и во водите на Босфорскиот Залив - „Златниот Рог“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)