златен (прид.) - пресек (имн.)

Ги разбеснува самата помисла дека народот може да се обедини околу една идеја. Околу златниот пресек на крстот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но еден Leonardo кој наместо со Luca Pa- cioli се дружел со Henri Pioncare (20) и Elie Joeffret. (21) Кој, наместо да ги нацрта илустрациите за трактатот на оној првиот за Divina Proportione, го примени златниот пресек во своите главни дела, од сликата Невеста од 1912. до подготвувачката студија за кадифето и пергаментот во амбиентот на Со оглед дека..., минувајќи, секако, низ Големото стакло.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Поради тоа е јасно дека под дејство на дрога ниту уметникот како креатор, ниту реципиентот како сведок на креацијата нема да можат на целосен начин да ја сфатат убавината на архитектонското дело или музичката симфонија како збирен израз на поединечни запазувања, хармониски созвучја, акорди, златен пресек и.т.н.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)