златен (прид.) - пара (имн.)

Во врска со парите, Камилски забележа и неколку турцизми што означувале разни предмети во кои се носеле и се чувале парите, како на пример: ќесе, вид паричник (од турски kese); ќемер, намерно сошиен појас со прегради кој се носел и директно на телото, под облеката (од персиски kemer); арч, арџ, трошок (од арапски har).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски за општата листа на (без)опасните османски заемки се задржа и на парите кои се употребувале во времето на османското владеење како разни бакарни, сребрени и златни монети: алтан, златна пара (од турски altin); меџидија, сребрена (бела) и златна (жолта) монета од времето на султан Абдул-Меџид, во втората половина на XIX век (од турски mecidiye); метелик, бакарни пари со различна вредност (од грчки mеtеlik) мангар, мангарче, една од најстарите турски пари со вредност помала од акча (од арапски mangir).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
ПОЦКО: (Ја зема парата.) Ај, да си ми жив куме! (Ја трие брадата со парата.) Аирлија, сефте! Ај, златен адет, златна пара, златен кум! Еј, бре-е-е!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: Ајде, куме, Давадосе, да се бациме!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Таа златна пара му ги подгреа мечтите на Бојан, па често се скиташе по тоа место, што го нарекоа Селиште, и смислуваше разни цареви, царици, дворјани, замислуваше разни војски и битки водени по овие места.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Проклетството продолжило: крастите се ширеле и од другата страна на кожата. И мозоците им се расцветувале од нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доаѓале баби треварки и белобради екими да ги лекуваат со секакви илачи, со тревки во јазовчево масло, им обесувале на врат лилјаци заклани со златна пара, ги прскале со крв од бели врани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога Роса ѝ ја даде златната пара на Деспина велејќи Ва лирта, мајкина, у ркта ми а стави мојта мајка а у нејнта нејнта мајка!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Златната пара заблеска од светлината на татковата ламба. Пораката беше јасна...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ја пушти златната пара на градите од девојчето што лежеше мирно на рацете од мајката.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)