златен (прид.) - лира (имн.)

И вака ќе им речете на вашите татковци: Луман арамијата ви порачува да му однесете по една златна лира секој, а татко му на јунаков што ќе остане со мене пет.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Внатре имаше шест златни лири со кои Луман плаќаше сѐ што зел од Бошка.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но, ете, ништо не помогнало: не помогнале ни потерите, ни наредбите, ни уцената во златни лири...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- И дојде еден бугарски офицер од селото и ни рече да собереме пари, по три златни лири на куќа да му собереме за да нѐ води во Бугарија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На првата редовна служба Петко беше ракоположен за ѓакон, утредента за свештеник, и откако владиката го испраша дали ги знае сите поповски марифети, а особено откако ги брои Трајко дваесет и петте златни лири, нашиот Петко ја кладе в џеб „грамотата", си ја наметна шапката што му ја купи самиот коџабашија за спомен и си дојде в село како вистински поп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прати до назначеното лице на пликот во селото Нивичани 6.000 златни лири.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога ја одврза црната шамија и светнаа златните лири, Арслан задоволно ги протрлка дланките од своите меки раце и го опомена Трајка да не ги брои: — Брак, коџабаши, брак!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)