златен (прид.) - конец (имн.)

Азурно-сината туника од иберска ткаенина опуштено го обвиваше неговото тело до колена, преку неа тешката пурпурна наметка со широки ракави имаше на градите со златен конец мотив од фауната – паун и лав со дигнати предни нозе.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Преку него падна златен конец и го осветли.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Волшебен беше и наутро, и кога сонцето ќе се најдеше зад него, па темен на златната заднина од небото, опшиен по рабовите со златен конец на сончевината, врвот изгледаше неописливо убаво, волшебен над сите волшебности.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А веднаш потоа уследи и објаснувањето дека овој пат се случило на објаснувањето да чека малку повеќе одошто треба!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па и тие немаше да се враќаат ако не беа врзани за нас со златниот конец на сеќавањето…
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да не се занесов случајно? - прашав, бидејќи Даскалов молчеше - Ох - продолжив - ваквите изливи веројатно наидуваат поради крапон со кромид.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Кажи ми го само уште она, најважното, што требаше да ми го соопштиш на почетокот - слушнав како Дасакалов ме потсетува на случајот со Иван.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се вртат околу себе, мракот е заменет со сива светлина и со некои златни конци што се тегнат од дупчињата на кувертите разапнати на источните пенџериња.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ти стоиш на брегот врзан за трските со златниот конец на тајната.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)