златен (прид.) - кафез (имн.)

Во твојот златен кафез затворена песната моја ќе секне.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И кога времето на Хабиб Бургиба завршуваше во мит, новиот владетел Бен Али, го посетуваше стариот владетел, во една пригода го донесе и во картагинската палата, но тоа се случи многу подоцна...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше утро. Стоејќи кај вратата, Тате ја слушаше жолтата канарка што пееше во својот златен кафез. „Па, јас се решив“, рече тој.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Со овие неизбежни мисли за сјајот и бедата на владеењето во нова Картагина, во која стариот Југурта ги завршуваше своите последни години во својот златен кафез, се доближувавме кон Добриот `рт, на долго очекуваната матанѕа...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)