зимски (прид.) - период (имн.)

Во градината се ширеше миризбата на печеното од под сачот, на различните цвеќиња, на свежината која допираше од здивот на блиската река, од миризбата на печеното тесто со различни вметоци што се ослободуваше од подотворениот сач.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Куќите градени од делкан камен и над секоја врата табличка која во зимскиот период, кога работи жичарницата и илјадници скијачи тука доаѓаат од цела Грција, нуди соби, разновидни специјалитети од домашната селска кујна, а најмногу повикува на грав и секакви пити.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се однесуваме како да ни е топло и околу срцето и околу задникот, значи дека имаме загреани салони и сцени во зимскиот период.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во зимскиот период и во раната пролет му се лутеше дека е немирно, дрдорливо, летно време го молеше да не пресушува, зашто неговата водичка ја бараат и градината, и дрвцата, и добитокот да се разладат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа што ѝ недостигаше го купуваше на блискиот зелен пазар, а вишокот зарзават од градината им го даваше на блиските соседи со кои на есен подготвуваше туршија и друга зимница за зимскиот период.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)