земен (прид.) - живот (имн.)

„Македонци мои, кога ве посетив тогаш повикан од вас, јас бев неук за овој свет, и во душата, и во срцето, и во слабините свои, на сите три места со кои мажот мора да научи да љуби, за вистински да го сфати Божјиот дар на земниот живот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Па така, менувајќи го својот живот, ја најде целта на своето постоење, си ја виде смртта и сфати дека неговото постоење од тој момент може да биде само такво, а целиот негов живот ќе го води само кон таква смрт, преку која тој конечно ќе му биде близок Нему, ќе биде до Него, без овој параван на земниот живот меѓу нив двајцата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)