здрав (прид.) - национален (прид.)

Потем праша: „А што сте сакале да кажете со она, цитирам: Според таа глупава логика, жена ви нема да ве изневери, ако во куќата го чувате здравиот национален дух.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Веројатно и белешкава ќе беше излишна (толку монструозно звучат текстовите од документите) и денес да не се појавуваат борци против “изопаченоста” и “експериментот” во уметноста и за “здравите национални и народни корени”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Според таа глупава логика, жена ви нема да ве изневери, ако во куќата го чувате здравиот национален дух. (Тоа беше отровна стрела до Фисот и неверството на неговата жена).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)