збунет (прид.) - сум (гл.)

Збунета сум... Ѝ помагам да се подигне, па ѝ ја додавам чашата со розето: - А јас се сеќавам на твоето детско гласче кога ни велеше дека сме силуети што минуваме низ маглата – Сум го заборавила и тоа, иако мислам дека сум била во право.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Да речам само - збунет сум! Здраво, Ивана!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Не сфаќам. Збунет сум. - Зошто те родив толку будала бре синко, - ми вели мајка ми.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)