заљубен (прид.) - во (предл.)

- Море, каква женска, што ти е тебе, има да ја заборави, само ако јас решам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Денес сум заљубен во нејзиниот архаичен изглед.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Да се биде жив меѓу толку скаменети лица, да се биде слободен во кафезот на изгубените души, да се биде заљубен во пламенот на изгорените срца, да се биде победник во очите на ѕверовите, да се биде ангел во кругот на светиот оган, да се биде дел од сегашноста со слики од минатото, да се биде дел од фантазијата со одраз во искршените огледала, да се биде дел од сонот меѓу забите на светот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Има еден проблем – ѝ реков – Огне е веќе подолго време смртно заљубен во некоја женска од неговото школо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Едноставно да се биде човек во свет на хаос во кој ја проектираме хармонијата, човек кој во секоја пора од постоењето, низ олујата на времето ја бара својата совршена форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Подоцна се дознало дека сенката што набрзина, скришум, крај високата авлија го минувала патот од џипот до портата на ателјето, била монахиња која смртно била заљубена во сликарот.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Како да е заљубен во својата несреќа и не се помрднува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нејзините сетива и наговестиле дека сум заљубен во друга.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)