заштитен (прид.) - од (предл.)

Тој би бил тогаш барем донекаде заштитен од ударот на секоја неминовна разделба, и на последната.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Синдикалниот претставник е должен правата да ги остварува во време и на начин согласно со колекти- вен договор, а синдикатот е должен да го извести работодавачот за именувањето на синдикалниот претставник (чл. 199, ст.1-3 и ст. 6-7).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И во еден врел јулски петок, ден кога Алах име на поблизу на правоверните, Липа Рипс и Рубина Фаин како руски дворјанини под дипломатски имунитет, доаѓаат во близината на светото место на кое, заштитен од проверени азиски и европски гардисти, дел од низам џедит, нов ред во војската, стар осум децении,можеби од Курди, Сиријци и балкански потурченици со барутни срца в круг околу џамија во која се моли Абдул Хамид.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Поседнале со темни мисли под јакуцките на гуњите да сраснуваат до суровост со изѕемнатата земја, колку-толку заштитени од студот со веленца и кожи или черги, и пак чекале без сигурни предвидувања како ќе се заврши сето тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Останував изолирано заштитена од психологии на мислења и живеења, кои се наметнуваа заедно со физиката – секогаш жедна одново и одново да се убедува во закони, низ слободни паѓања во математички насочената паралелка.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Запалиле огнови и се собрале околу нивното крцкаво и шушкаво потрепетување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Безбедно, прецизно, заштитено од можноста за неснаоѓање или непознатица.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Синдикалниот претставник е заштитен од отказ согласно со овој закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)