затворен (прид.) - просторија (имн.)

Кога повторно дојде Чана не им завиде што се вовлекле во затворена просторија, туку заедно со големата ќерка, а и со самата Роса, сросаа два одара, поткренати од земјата, ги послаа со веленца и во нив можеа да ја дочекаат следната ноќ.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Вели, некои одат на фитнес - во затворени простории се раздвижуваат на разни справи, а тој си ја сака природата, сака да се раздвижи и испоти во природни услови, па така секоја недела Еко оди со група ученици на Водно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но тоа не беше важно, зашто беше просто незамисливо дека би можеле да се состанат некаде во затворена просторија, или да разменат некаква писмена порака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само покрај ушите, како лилјаци на таван, му поминуваа зборовите на раководителот со мижуркава светулка на висменското чело: дека смртта настапила како последица од труење на виталните органи од организмот предизвикана од гасните испарувања на запалената кола во затворена просторија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Понатамошниот напредок во истражувањето на звукот претставува делото „Имагинарен пејсаж бр. 1“ (1939), за две грамофонски плочи со променлива брзина на емитување, чинели, клавир и два микрофони, кое се изведува во две затворени простории додека во третата се режира звучниот резултат подесуван за емитување преку радио-брановите или за бележење на лента.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ракијата не само што им ги зажари образите и им ги светна очите, ами и им ги разврза јазиците и им удри во главите, па почнаа сѐ погласно и речиси едногласно да зборуваат, надвикувајќи се како да се на отворена сцена а, не во затворена просторија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)