затворен (прид.) - прозорец (имн.)

Надвор, дури и преку затворениот прозорец, светот изгледаше студено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Низ затворениот прозорец провалува нишката на заробено животно: во некој од визбите на големата зграда, белата ждребица залудно навалува со копитата врз железната врата, забравена со три катинари.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Умее тој и посложени нешта - рече Јана како којзнае колку да ме познава а нејзиниот ироничен поглед како да беше спремен за секаков вид напад, за предаство, па дури и за измислица.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Лошо се пресеков - реков. - Помина низ затворен прозорец - се трудеше да ми олесни Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа истото како да се случува и со луѓето, со чудна возбуда туку се јавуваат, туку се губат зад затворените прозорци.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога се исправив, низ солзите што ми ги беа преплавиле очите од големото напрегнување, видов жолти очи зад затвореното прозорче на бањата, а потоа сенка што бргу исчезна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ќе биде добро и за тебе, а и за децата што ќе ги раѓаш, - ми рече свекрвата и го погледна Дино, па пак мене, - Ајде, касни.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас веќе го имав префрлено чаршафот преку себе и се мачев да заспијам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
6. „Сите нормални луѓе се нормални на ист начин, секој луд човек е луд на свој начин,“ повтори Клара, останувајќи покрај затворениот прозорец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А потоа, посебно зачудуваше она објаснување: дека тоа злочесто чудо ја напуштило собата низ затворен прозорец а без да го скрши.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
оние пак, кои го завршиле талкањето, влегуваат во метрото влегуваат како во олтар од длаборез и уште неседнати почнуваат да 'рчат, 'рчат во сите тонови, мнозина басираат ама има и такви кои фаќаат високи октави, заспаните 'рчат ли 'рчат ама нема кој да ги чуе отшто јапонија да ми ти била земја на затворени прозорци а јапонците да ми ти биле луѓе со затнати уши кои кога се будни во метрото спокојно си читаат додека сонародниците им се дават од 'рчење - ем си 'рчат, ем набрзина каснуваат нешто во сонот оти во кусиот сон има време и место сал за една плескавица (и тоа на месечина) што во мекдоналдсите се нарекува хамбургер.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Само отров на куќниот праг ситен прашок компирова златица зрнца солна киселина, пипс и питроид: само безброј залудни барикади затворени прозорци јарко сонце: само споменот на Елизабета и египетско-римската сценографија.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
– Кој гроф, каков Чано, мила моја, зар не си го заборавила? – рече Татко гледајќи дали се затворени прозорците и вратата. – Грофот со кој танцував на свечената вечера пред заминувањето од Италија, во 1939 година. – Остави ги, мила, тие муабети за друг пат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Размислуваше: што бараше да удира на затворениот прозорец?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Пристигаат троми пристигаат уморените коњи на просторот тој далечен и наслутен шум на заборавениот говор Тропаат беспрекин сами пред затворените прозорци изгубено тропаат со нозете тапи без поткови ти земјо по тебе лизгава и масна земјо мирна тропаат темно измешани
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Тишина. Го дофати телефонот и го фрли низ затворениот прозорец на улица. ***
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)