затворен (прид.) - око (имн.)

Шабтај со детето во скутот, се нишаше напред-назад и со затворени очи мрмореше молитва за милост и спас.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Стојат така зад стеблото на јаворот, на гимназискиот излет кога првиот бакнеж шумоглаво ѝ го донесе мирисот и вкусот на непочувствувани билки.  Сега се затечува себе си со затворени очи, со усните наместени за бакнеж и одмавнува со главата како да сака да го отфрли забрзаниот тек на мислите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Книгата, чија корица му се појавува пред затворените очи, била препечатена во 1726 за потребите на големата еврејска заедница во Амстердам.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дишењето му е толку тивко што само затворените очи ѝ зборуваат дека тој всушност спие; оној ден кога навистина ќе го најде мртов, претпоставува, очите ќе му бидат отворени.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Навистина го пронаоѓа Френк заспан; во пижама, потпрен на заглавјето од креветот, со перница под него, изгледа потполно стар и мртов, со седа коса, со затворени очи и со разлабавено отворена уста, со отворениот Да Винчиев календар на скутот прекриен со ќебе и осветлен од ламбата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
cowboy - вистински хакер, што може да програмира и со затворени очи
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Вака, само легната и со затворени очи, за да избегне секаков коментар на поминатата вечер, не можеше да заспие.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дали беше толку потпрена на него, што одеше со затворени очи, или пак така полесно се чекори кон саканата цел.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој, всушност, тоа и го правеше, но ние најчесто бевме будни, ама со затворени очи, сакајќи да ја почувствуваме топлината на неговата често отсутна рака...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Пријатно му беше од тој глас, мислеше дека го сонува деда си, па лежеше со затворени очи, не сакајќи со ништо да го прекине убавиот сон.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ако направиле, што се случило?“ - се прашуваше Бојан, лежејќи со затворени очи, но во мислите загледан во сликата што му се наметнуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Може, на пример, да се каже дека боите предизвикуваат звуци, а звуците калеидоскопски спектар на најразновидни бои, дури и со затворени очи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
" Лежам јас така во мракот со затворени очи и го замислувам братучедот Германа како во недоумение стои пред портата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во мракот, пред затворените очи, ми излегуваа немилите лица на професорите - дибек со црно палто и црн квадрат по остриот нос, безначајна нула со златно синџирче преку елекот, полуостров што прилега на чизма, потоа огромен нос, што дува во белите дланки.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Лежев со затворени очи и со страв го наслушнував крцкањето на зглобот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Знаев и дека Фискултурецот носел ќулафка во џипот, и дека Луција ме мами; во тој миг, со крајни сили се воздржував да не ѝ ја смачкам главата со остатокот од шишето што ми беше на дофат од раката; се препуштив на играта што таа ја водеше на еден совршен технички начин, како машина; се извивавме во прегратките; во еден миг ѝ го повлеков здолништето, и потем гаќичките, и ја видов: гола, легната пред мене, со затворени очи, сосема совладана; требаше само да легнам врз неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги гледам тие славните. Некои со затворени очи слушаат внимателно, некои танцуваат околу старите гробници...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Можев да возам со затворени очи и никогаш не би погрешил.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На околу повеа и се разлеа опојувачки мирис во кој потона воздухот, а ние со затворени очи го вдишувавме до ненаситка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Долго стојам со затворени очи и се плашам да ги отворам зашто наеднаш ќе го снема тој свет што во мојот спомен остана како незаборавен сон.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Додека полека тонев во бессознание, пред моите затворени очи се појавуваше едно дамнешно сеќавање: во времето кога многу нешта за мене сѐ уште немаа име, брат ми ми подаде остар предмет, и рече: “Нож.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги отворив очите, околу себе гледав болнички кревети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги кажував тие зборови во себе, со затворени очи, и ја испружував раката кон Рајнер, а раката ми удираше во ѕидот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Веруваше дека ако замине што подалеку од градот во кој толку нешта го уверуваа дека не знае кој е, ќе успее да го најде средиштето на своето Јас. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашите усни се допреа, и тогаш јас ги затворив очите, а во слаткиот допир на нашите јазици почувствував нешто како ветување дека таа слаткост вечно ќе трае.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во оние попладниња кога времето беше убаво, излегувавме да шетаме по паркот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се прашував дали гледа во бездната, или стои на работ со затворени очи. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се плашев од животот, од она што требаше да дојде со него, и ме болеше тој страв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Кој сум јас?,“ повторуваше Рајнер со затворени очи, со очи вперени во огледалото, со очи загледани во мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој за миг ги затвори очите, барајќи го она бестелесно женско суштество кое го наоѓал таму уште од времето кога се разделувал од детството, потоа ги отвори очите и се насмевна, наоѓајќи ме мене пред себе, и одново ги затвори очите и пак ги отвори, како да си ја потврдува сродноста помеѓу тоа суштество без лик, исткаено од светлина што трепери пред неговите затворени очи, и мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие вечери од легнувањето до заспивањето со затворени очи лежев свртена кон ѕидот, чувствував како во мене отчукуваат, со едноличен ритам, болката и стравот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На Криста, нашата сосетка во Гнездо, животот наеднаш ѝ се испревртел.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еднаш, откако долго го изнагледа цртежот, Клара рече: “Се прашувам дали оваа жена гледа во бездната, или стои на работ со затворени очи.” .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И без таа мисла за другите логори, доволни се страдањата овде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Часови потоа, додека се освестував, прво што почувствував беше болката во мојата утроба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше бестелесна, а сепак сиот мој копнеж се впиваше во неа, затоа што знаев дека, некаде на светов, таа има и свој телесен облик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така, со затворени очи, рече: “Не им кажувај на другите за ова што ти го кажав тебе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа немаше име, немаше дури ни лик; таа беше суштество од светлина кое трепереше пред моите затворени очи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Лежеше со отворена уста, со затворени очи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И камењата и калдрмата и портите и чардаците на куќите ги знаеше наизуст Сане Сандин и со затворени очи можеше да ги погоди, на полноќ да ги најде.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пред катедралата седна на една клупа на топлото сонце и остана таму под блажената животворна топлина, со затворени очи, целосен странец на сѐ околу себе, неврзан и необврзан кон ниту еден од туристите кои фотографираа, кон ниту еден од жителите на градот кои одеа некаде без брзање...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
МЛАДИЧОТ: (Сето време откако е влезен, седи во фотелјата и дише тешко, забрзано, со затворени очи, како да не му достасува здив.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во бродоломот на едно темнеење студен камен се тркала... Времето одминуваше со затворени очи чувствата потонаа во пороите на ова невреме...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Кога не можеше повеќе да остане притаен на својата само за една педа недофатлива височина за нивните скокови, во која неретко, само за еден кус миг, успеваа и да си ги впијат своите муцки секоја од тие отскокнати и спалавени дивинки; кога немаше повеќе сили да остане ни со затворени очи над тој ужас, тој пукна во самата средина на тоа клопче пред себе и сега веќе не успеа ни да ја додржи пушката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Подоцна навистина некој поет од Кукулино, од Љубанци, од Чучер или од Мирковци, од едно од тие села под црногорицата, ја споменувал со затворени очи и испиено лице пожртвуваноста на Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - ревеше Јаков Иконописец, го слушав со затворени очи и знаев дека ќе се случи она што часкум го сонив, Калпак и неговиот булук ќе се стрчнат, се стрчнуваа веќе и го носеа на раце или го влечеа со пцости кон габер или кон врба до раб на оризишта фатени од огради на ископана земја, еден врзуваше јазол за јамка на јаже, друг на побелениот Проказник со секира му стоеше на пат не пуштајќи го да го брани малоумниот злодеј од кого очекуваа да се почувствува возвишен пред умирање и да признае дека палел, дека убил вол со тризабец, дека светците од неговите икони ќе му ги простат гревовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наслушнувајќи го животот на другите, на оние за кои веќе се пределе легенди, поетот си ја покривал душата со лажна лика, и онаму кај што не им достасувала храброст, убавина и големина на опеаните, тој, како мал бог што создава свои совршени и вечни суштества, им го додавал богатството на својот дух за восхит и за поука на современиците, да седат во вечерите крај огниште и восхитувајќи се да си ги испитуваат мислите не ли се и самите родени за големи дела и за песни од кои и воздухот со возбуда затрепетувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не, подобро е да не гледам“,  си помисли и одеше со затворени очи и, кога ги отвори за да види дали е блиску до крајот на плоштадот, наеднаш виде дека пред него, речиси пред нос му стојат некакви луѓе со мустаќи, а какви имено, тоа не можеше да ги распознае.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Небото, езерото, тревата, патките, разните шетачи, сѐ изгледа посвет­ло, почисто, помагично, телата и предметите обвиткани со силна светлост по рабовите, и на некој чуден начин потонати во сопствената тишина и во пределот околу нив. Како да пловат во просторот сами за себе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Почнувам да растам, запишувам. Се вртам, Адријан е на колена со затворени очи, испружени раце, ја клати главата како куче, гледајќи во сонцето како да ќе му даде голем подарок.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Станува таа во јаве, со затворени очи. Бега од нешто.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Иако ѝ се затворени очите.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кејтеновиот син гледаше како господ. Што ли сега гледаше, каде ли ме водеше со затворени очи, по стопати во миг ми доаѓаа сите овие прашања.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Еднаш те љубев со затворена уста... те гледав со затворени очи... толку силно, толку темно... но доволно за да не те загубам во мракот..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Јас те запознав уште пред да те сретнам, како кога човек гледа со затворени очи, кога допира нешто со мислите, кога бакнува со душата...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Некогаш со затворени очи те гледам пред мене, и ја допирам твојата душа, единствена.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
„Ммм, да, да, еве, ахамм...ќе клајш едно кафе?“ со матен глас и сѐ уште затворени очи запраша Перо.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А човекот со хармониката, спечен и со удови на инсект, се виткаше и пиеше вино со затворени очи додека еден младинец му ја држеше стомната на уста, куц, тој со години подвижноста ја пренесувал во колковите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нејзиниот поглед имаше продолжено траење и тоа само во дел од мигот по кој се враќаше назад со нешто одземено од мене како зрнце песок (скриена или заталкана мисла, спомен, копнеж, што ли?), а времето беше прекратко за тоа задоволство бидејќи веднаш потоа повторно го чувствував тој допир на погледот според ритамот на отворањето и затворањето на нејзините клепки (сфатив кога веќе станавме едно, дека таа знаеше да ме гледа и со затворени очи и ми велеше дека ме гледа не како што ме сака, туку ме гледа таков каков што сум, и дека таа таков ме сака) и сè така во продолжено траење, а јас бев сигурен дека ваквиот поглед беше упатен само кон мене и дека само за мене тој можеше да биде таков со нијанси на галовност во допирот кој во тој момент беше физички, или така ми се чинеше, кога веднаш потоа или можеби во тој ист миг ќе ја почувствував мекоста на нејзините ситни прсти во таинствена игра на моите слепоочници.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„ Прочитај ја ти“, рече таа со затворени очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лежеше на плеќи со затворени очи и понатаму обземен од атмосферата на сонот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон успеа да фрли еден поглед врз нејзиното лице, свртено надолу, жолто и изобличено, со затворени очи и сѐ уште со по една флека руменило на секој образ и тоа беше последното што го виде од неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа едноставно лежеше со затворени очи, не се опираше, но и не соработуваше, туку само поднесуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Не кажувај понатаму!“ рече Винстон со цврсто затворени очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„ Вака е веќе подобро“, рече таа, се потпре на ѕидот со затворени очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И во моментите на вистинска радост и среќа, во нас останува една трошка осама, самотија, која доколку и за миг ја посетиме, го облева нашето битие и омјазот наш, го добива мртвилото на затворените очи.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Те здогледував склупчен на креветот, со затворени очи, а движењата на твојата блуза ми кажуваа дека, сепак, дишеш.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Застана така со лесно затворени очи,се потруди да ги почувствува како исправноста на положбата на телото така и да стане свесен за целото свое тело од темето до петиците.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сакаше да ја гледа додека таа лежеше со благо затворени очи, со бузите одвај одлепени една од друга откривајќи ѝ ги сочните бели заби, во постојан грч како пред голтнување горчливо апче.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја слушаше со затворени очи. Се мачеше да не се заниша.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
V. Како дете го дочекував дождот со затворени очи.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Пауза.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Го удира со отворена рака, преку затворени очи.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Кора се вознемири. Не е неможно, мислеше тој, со напола затворените очи, обидувајќи се да си го претстави и да го види.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Лежеше така половина час со затворени очи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А Маргот се сеќаваше. „Тоа е како паричка!“ рече еднаш со затворени очи. „Е не е, не е!“ извикаа децата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зборовите за затворените очи, што ги кажуваше учителот Митре , ги сфаќав како пофалба на патувањето што ја надвладува темнината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги затворив очите. Сакав да си го замислам и со затворени очи тој проклет Господ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Збунето констатирам дека низ животот многу често чекорам со затворени очи само за да ја исмеам познатата вистина дека она што не е видено всушност и не се случило!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А во љубовта не само што сè оди и трча туку и сè лета со затворени очи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа ме потсетува на одење напамет и со затворени очи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам, тоа беше првпат да се најдам во ситуација во која знаев дека сум во право а ете, моите аргументи, колку и да беа разумни, колку и да беа исполнети со сите оние додавки што го осмислуваат животот, како што се моралноста, правдољубивоста, коректноста, дружељубието, и многу други, во случајот кога ја играв партијава шах со пријателот Господ Саздов звучеа шупливо, како да се изговорени од исушени лисја паднати одамна на земјата, и тоа изговорени од нив додека биле во состојба на умирање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека таа така, со затворени очи сакаше да не зачува за секогаш.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Татко ти имаше право кога велеше дека затворените очи го чуваат срцето, а и на умот му помагаат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Проблемите со нашите болести“, велеше, „настапуваат тогаш кога ќе бидеме упатени во валканиците на животот а не сме во состојба да помогнеме тие да се изменат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Небото, всушност, само се претпоставува со затворени очи.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Однадвор влегува скржава светлина, небаре низ половина затворени очи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За да се одмориш, не мораш да спиеш со затворени очи.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Влатко ја чувствува низ затворените очи, ама не сака да ги отвори.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Значи, предлагаш да се движиме по оваа патека, нели? - тој покажа на картата и му се обрати на својот курир: - Ги знаеш ли овие места? - Како сопствениот џеб, генерале! - Имам и јас еден тукашен од Јановени. Тој, генерале, со затворени очи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе легнат врз замрзнатиот снег и со затворени очи и црвенилото под клепките во себе ќе го собираат целото сонце.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ле-ле, мајко, како нѐ удираа и по плеќи и по глава и по лице... Удираа со затворени очи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Твој е ако успееш да стоиш во место со затворени очи и да не се занишаш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
(Борис и Матеј стојат еден наспроти друг. Матеј е со затворени очи.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
НОВЕ: (Се врти кон Божо со затворени очи.) Господине Божо.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)