затворен (прид.) - капак (имн.)

Стоеше покрај затворените капаци, во ноќницата со шалот префрлен преку рамениците, и гледаше преку прозорецот како истечуваат реки вознемирени луѓе, познати лица и непознати сограѓани, деца што спиеја на рамениците на родителите и стари луѓе, кои најблиските ги помагаа да фатат темпо со забрзаната колона.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На неговите гради, таа повторно ги затвори очите за во темнината на затворените капаци подобро да го слушне ритамот на неговото срце, што, како и бакнежот, полека се смируваше во ритмично биење токму таму, под нејзиното уво.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Стоиме вгледани во сивата трикатна зграда, со малите прозорци и затворените капаци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)