заспан (прид.) - љубовник (имн.)

Црвен коњ како црвена луња светка на месечината. `Ржи, трча низ ноќта околу стожерот, Скока врз згаснатото сонце на ожнеаното класје И жестоко го втиснува со копитата датумот на јули врз огнот на заспаните љубовници.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Велам: стар часовник бие во ветровита ноќ над огнот на заспаните љубовници...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А што ако самиот Црн Господар ме мами, па сè ова е само сон, а девојката ламјина ќерка со три змии во срцето што по полноќ ќе доползат до мене, заспаниот љубовник, и отруен ќе ме вратат на јавето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)