заслепувачки (прид.) - светлина (имн.)

Беше врзан за еден стол опкружен со бројници, под заслепувачка светлина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се повтори и заслепувачката светлина. Виножита немаше.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Јасно и чисто ќе го види својот старец како ја одлостува вратата од вагонот и пушта една заслепувачка светлина што ѝ ги замижува очите!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не е доцна да се почувствува Тој остар сек Како челуст на ѕвер И да се чита и натаму со страст Вечната Книга Во која долго и продолжително капе Заслепувачката светлина на сонцето.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Можеби црвената чанта се затресе во скутот на Ана кога возот прв пат прикочи, можеби само здодевноста ѝ ја придвижуваше раката до праменот што ѝ паѓаше преку челото; во текот на тие три- четири секунди за време на кои возот стануваше неподвижен во перонот пајаците ми ги забија ноктите на кожата од бунарот, за уште еднаш да ме победат одвнатре; кога Ана се исправи со едно единствено чисто движење на телото, кога ја згогледав од грб меѓу два патника, мислам дека уште еднаш бесмислено го побарав лицето на Маргарита врз стаклото осветлено со заслепувачките светлини и движења. 61
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)