зарипнат (прид.) - глас (имн.)

Застана пред бункерот и го слушна зарипнатиот глас на својот соселанец - Павле.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја отвораше како да оддиплуваше кора за мазник и почнуваше со тој свој зарипнат глас, а јас трепетливо и некако исплашено, гледајќи во неговите насолзавени очи и во бузите и од тутунот подгорените мустаќи, повторував: - Аз, буки, веди, глаголи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во густежот на стариот даб, скриена меѓу лисјата, со тенок, долг и зарипнат глас, заграчи ноќната птица.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ги симна полека штиците, ги нареди на скелето и така испотен и задишан, без да здивне му се сврте на работникот и му рече со зарипнат глас: - А ти зошто навредуваш?!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повторно, зарипнатиот глас на Сириецот го расечува живото клопче на замислената глетка: - Евреинот не сакаше да го користи каменот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ти си богоулник, го чу далечниот, зарипнат глас.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ти го изнајмувам зарипнатиот глас на мојата машина за кротење букви, заедно со извежбаната позирачка трпеливост од моите фотографии, на неколку години.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
„Тоа не беше човек, Кети“, зарипнатиот глас липаше, „Тоа беше змија.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За вдишувањето на годините по раѓањето За заминувањето пред облакот пчели За ноќта обесена на прозорецот За модрите движења во огледалото (остаток од бујатото растење) За животот во мртвата природа - Книга на животот За отвореното писмо со зарипнат глас За меурот во зелениот аквариум За пропуштените луѓе во бескрајот За полиците на кои се задава коњица (фрагмент од непрочитаниот роман) За животот на жртвата во темелот - Книга на животот За студените светови во мртвороденото Јас За узурпација на просторот за летање За сенката што оспорува и простува За мониторот што емитува срце (интермецо на илузијата во траење) За животот претпоставен од живите - Книга за животот
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Со зарипнат глас, во последниот момент ѝ рече: - Јави се.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Така поминуваа денови, можеби и седмици, додека еден ден Гого не си рече, не само во искоматените мисли туку и со зарипнатиот глас: „Вака повеќе не оди!“.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Лежев будна цела ноќ, и ги замислував нејзините ноќи, се обидував да ги слушнам тие ноќи затоа што мракот го голта она што може да биде видено, и ги слушав криковите кои ја распаруваат темнината, ги слушав оние кои се осудени да бидат затворени со своето лудило и да го мешаат со туѓото лудило: некој глас ги довикува своите деца, некој глас кажува дека гори, дека пламенот го зафаќа телото, го слушав и зарипнатиот глас на една жена која повторува како го убила својот сопруг.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во сите тие гласови го немаше гласот на Клара Климт, во криковите на тие ноќи кои се прелеваа едни во други и се нижеа во години, во моите обиди да ги чујам нејзините ноќи, Клара остануваше нема, Клара копнееше по тишина, Клара сакаше само едно малечко парче од овој свет во кој би можела безбедно да ја свие главата и да преноќи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)