запален (прид.) - во (предл.)

Значи, обожавам излети, па да се оптегнам на ќебе и со деца фудбал на голчиња направени од двете влечки да се разиграм боса, па скара и салатичка во леген за со ж’та (во мојот случај лимонада)и сѐ така до крајот на денот со свеќа запалена во манастирот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Велеше јадосано Вита, кога ќе поминуваше крај неа Владо со цигара вечно запалена в уста, - без да ги погледа или одговори на нивниот поздрав.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Како четврто: ќе можев своите гости да ги пречекувам на тераса, и ниеден пријател од детството нема да се исплаши од празна рамка за слика, обесена на ѕидови кои се приближуваат, толку многу што ќе сака панично да побегне, уништувајќи патем фин сервис за кафе и нова мирислива свеќа запалена во чест на неговата посета...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)