замислен (прид.) - и (сврз.)

Рангел го набра лицето в презрива гримаса и го допре Коча со рака, дека овој беше замислен и загледан надвор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кочо тргна прекупат в крчма. Тој одеше замислен и не забележа од кај му се испречи некаква кална фигура, во градски алишта, со искривен качкет. Човекот беше пијан.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Како секој ден да му беше друга песна – некои утра беше замислен и благ како балада, понекогаш беше страстен и жесток како рок, за другото утро да биде суров и остар како панк.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Обично нему не му се доверувам оти мислам дека нема да може да ме сфати, иако мајка ми постојано ме убедува дека имам разумен татко кој го разбира децата и може лесно и брзо да им реши многу проблеми кои им се чинат нерешливи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татко ми ме затекна така замислена и ме потпраша што мака имам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Па тие двајцата, и физички биле доста различни - едниот повеќе рус, висок, со долги нозе и подвиен во градите, на моменти замислен и затворен, а другиот со посреден раст, набиен, со потемна коса и енергичен.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но попот со мирис на тутун и овчко масло во брадата ни мотоциклот го давал ни оружјето го пуштал од рака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Командантот Никодим и комесарот Мони, по сѐ слични на Онисифор Мечкојад и на Онисифор Проказник, едниот главурдест и со влакнести уши, другиот замислен и без насмевка на сувото лице, со сомничави очи зјапале во извезениот петокрак знак на попската камилавка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Селската врева ги бакна усните замислени и очите запловија во зелените езерца на ридовите.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)