замислен (прид.) - проект (имн.)

Татко ја насетуваше нервозата на Камилски, поради видливото оддалечување од првобитно замислениот проект, сакајќи да ја појасни појавата на Васо-паша во нивниот план и затоа заклучи: Европските идеи во реформирањето на Отоманската Османската Империја од крајот на XIX век за кои се залагаше и Васа-паша Шкодрани, продолжија и во почетокот на XX век со Младотурската револуција во 1908 година која започна да се шири во Империјата од Македонија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сакаше во својот замислен проект да ги поврзе заедничките обележја на народите во полуостровот во пресудните времиња на падовите на империите и раѓањето на новата надеж, кога веруваше дека на најлесен начин ќе се создаваат ментални мостови кои ќе водат од еден кон друг народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)