замислен (прид.) - поглед (имн.)

Гледа во еден од свештениците, повиено старче со влажен и замислен поглед, кое поради возраста веќе не служи по епархиските цркви, забележувајќи дека неговата риза е толку стара и така избледена, што наместо црна, на сивата светлина на денот се чини модра.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со првата операција на чичко ми, пристигнувањето на Алексадар со полноќниот авион од Берлин, замислениот поглед на дедо ми, отпатува моето детство.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Да... – рече развлечено. Од неговиот замислен поглед и тивкиот тон на гласот сфатив дека во него нешто се прекршува. Молчејќи се гледаме в очи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во тоа време го фаќав замислениот поглед на мајка ми, останат врз вредната девојка, додека Рашела работеше некоја од безбројните работи во нашето домаќинство.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„А што ќе правам таму, мој градоначалнику? Ќе чекам, исто како и овде.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Семејните ручеци за 29 Ноември умреа заедно со дедо ми Борис Кривошеев.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)