замислен (прид.) - оска (имн.)

Лета јастреб на летното небо под нечитливиот краснопис на зодијакот најпрвин во кругови широки и нагли како скришни помисли потем сѐ поситно, опсесивно запира на родното дно наспроти сѐ друго што и натаму се врти околу својата замислена оска.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Секоја вечер Ќ ја сонуваше Земјата како огромна топка сало која се врти околу својата замислена оска, како да трча на подвижна лента за да ослабе.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)