замислен (прид.) - мисија (имн.)

Татко и Камилски како да славеа пред да бидат среќни, пред да слават победа во замислената мисија, свесни дека дури и некаква фаталистичка сила би можела да ги оттргне од среќата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но тој како да одеше подалеку од своите мисловни хоризонти, вовлекувајќи се во нови интелектуални загатки, чувствуваше дека големата дебата што ја отворија со својот пријател да ги бележат зборовите со опасна конотација, одеше многу подалеку од замислената мисија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој, бележејќи ги неподобните арапски и персиски зборови кои си го пробиле својот пат кон турцизмите, сметаше дека лесно ќе ја реализираат со Татко замислената мисија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)