залепен (прид.) - и (сврз.)

Ништо не беше допир за таа заспаност, дури ни несигурното чкртање во грлото на една брава, над која се грчеа две сенки сијамски залепени и пошироки отколку високи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
1. На мојата работна маса цел куп книги и фасцикли со исечоци од списанија и весници, извадоци од архивски документи и од објавени мемоари на политички и воени челници од двете завојувани страни во граѓанската војна во Грција, селектирани белешки од фалбаџиски топорења, измислувања, лаги и кодошења и во одделни коверти белешки од обични, простосрдечни раскажувања на живи учесници и сведоци во кои се сочувани најавтентични доживувања од времето кое како лишај и лош сон е залепено и врежано во нивните и наши спомени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Трчам и се сопкам. Како во некој долг и мачен сон, залепен и заглушен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)