законски (прид.) - формулација (имн.)

Дојде и до редефинирање на начинот на кој се избираат помирувачите и арбитрите, па така според новата законска формулација овие лица може да ги вршат овие две функции само ако имаат добиено лиценца од министерството надлежно за работите од областа на трудот на предлог на трипартитната комисија формирана од Економско социјалниот совет.93 Лиценцата за помирувач, односно арбитар се издава на неопределено време (чл. 30 од ЗИДЗМРРС/14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со ваквата измена повторно се нормира и законски се прави достапно вработувањето без јавно огласување (укинато со ЗИДЗРО/авг.08), малициозна практика која ја намалува транспарентноста и достапноста на отворените работни места, која со својата нова законска формулација чекори на работ на неуставноста (чл. 2 од ЗИДЗРО/фев.13) ;19 б) Одредени промени настанаа кај објавувањето на огласот за обезбедување на потреба од работник.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Поранешната законска формулација против ваквото решение на судот не дозволуваше посебна жалба, додека пак по ново се допушта жалба против ваквото решение, но таа не го задржува извршувањето на истото, односно го нема вообичаеното суспензивно дејство (чл. 93 од ЗИДЗПП/10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Дојде до промена кај обврската на работодавачот за информирање на работниците за секој вид на ризик на работното место, како и за безбедносните мерки потребни за контрола на ризиците и елиминирање на штетните последици, но сега од законската формулација беа избришани(!?) вработените со договор за вработување на определено време, младите вработени, повозрасните вработени во согласност со Законот за работните односи и оние со намалена работна способност. (чл. 13 од ЗИДЗБЗР/окт.11)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Логично се поставува прашањето што ќе се случи доколку спроведувањето на прописите за заштита при работа кој работникот е должен да ги почитува и спроведува ќе се „судрат“ со „инструкциите“ на работодавачот, обврска која со новата законска формулација му се наметнува на работникот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)