заеднички (прид.) - ручек (имн.)

Го задржа доброто расположение од заедничкиот ручек.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Климент Камилски, сакајќи на посебен начин да ја означи последната средба, дојде уште рано во нашата куќа, носејќи го свечениот син, излитен костум, со жолтата пеперушка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, кожата не ѝ е наежена, таа само малку ги беше стуткала нозете, така што задникот изгледаше уште помазен и оптегнат во однос на грбот, како тело на виолончело. Ѝ дојде од предната страна: ако нозете ѝ се собрани, меѓу нив ѕирка мовчеста полјанка, потемна од косата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во семејството се посветуваше многу време на заедничките ручеци.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Беше договорено до пладне Татко и Камилски да работат врз источните заемки во областа на гастрономијата, а потоа да продолжат со заедничкиот ручек со сопругите, подготвен според заемките на најчестите и највкусните јадења, кои со векови ги обележуваа балканските кујни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)