заеднички (прид.) - непријател (имн.)

Во едно друго писмо (ова е напишано од Бугарин) вака ни пишуваат: „Едночудо празноглавци, глупаци и подлеци се зафатиле да посеат раздор меѓу јужните славјани и да им угодат на нашите заеднички непријатели; но нивните напори ќе останат јалови зашто честите и здравомислешти мажи се смеат над исторските шарлатанства на архимандритот Пелагиќ и над „ереминиот плач“ на неодамна починатото многублажено „Право“.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Напротив, сметајќи дека дошло време да се сотре сè што било револуционерно и словенско и што не им служи на великогрчките амбиции за голема Елада, компетентните политички фактори во Грција решиле да застанат наполно на страната на султанот и да му понудат помош против “заедничкиот непријател“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
4. Да се обединат балканските народи против нивниот, нашиот и заедничкиот непријател и правејќи го тоа да се постават основите за поблиска соработка помеѓу нив во иднина“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Би требало да се додаде дека и во двете земји секогаш имало силно движење кое работело на формирањето јужнословенска федерација".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Формирањето на бугарските партизански сили кои дејствуваат во Југославија е цврста врска што ги поврзува Југословените и Бугарите во борбата против заедничкиот непријател.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Не само што неговата прикаска бараше дополнување туку на авторот му недостасуваше објаснување на подметот на прикаската – тој, благодарение на записите од „тефтерот“ знае кој е заедничкиот непријател на таткото и сонот Бранови, но тој податок сам за себе е недоволен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
— Ете, бугарските чети сакаат и верата да ни а менат, — им ја објаснуваше даскалот Димо Гулушов еден ден на своите Старавинци содржината на писмото и ги викаше да не признаваат отсега натаму никакви бугарски чети ни војводи, ниту пак да ги хранат и кријат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Писмото сега даваше директиви не за борба против заедничкиот непријател, ами борба меѓу селаните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)