заеднички (прид.) - идеал (имн.)

Заедничките идеали за коишто се бореле, како и истата судбина што ја делеле по турските зандани, придонесувале солидарноста меѓу македонските заточеници, повеќе или помалку да биде редовно присутна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога ќе стапи Јасер Арафат на чело на Организацијата за Ослободување на Палестина, во февруари 1969 година, Махмуд Дарвиш ќе биде петпати затворан во периодот од 1961 до 1967 година, ќе ги поврзе заедничкиот идеал да ја создадат слободна Палестина со нивната револуција која би била катализатор на арапското единство и не обратно (како што сакаа арапските режими).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И обајцата умираа од надеж да се вратат во нивната слободна Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Затоа првите три штом се разбудија фатија да живеат со заеднички идеали, а вторите две со други, пак заеднички.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)