загубен (прид.) - тендер (имн.)

Тој беше речиси дресиран од десетина претходни искусни југословенски дипломати и никогаш не преземаше иницијатива во разговорот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во една пригода кога една југословенска фирма на еден тендер ја загуби очекуваната изградба на песочна брана во висина од стотина милиони долари, откако на Бешира си дозволив да му кажам за крајно неповолната реакција од Белград, тој само кратко рече: - Југославија кога го загуби Трст толку не жалеше, колку за еден загубен тендер во Африка!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)