завршен (прид.) - во (предл.)

Верскиот поглавар, со завршена медреса и со теолошки факултет, завршен во Каиро, уште пред војната, збунето го крена погледот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Има многу битки кои не се завршени во минатите времиња поради погрешните глобални и стратегиски проценки на султанската монархија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И на сите оние што со своите добри или лоши постапки придонесоа книгата да биде завршена во јуни годинава... еми.. паа... мислам... ај заборави!
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Земајќи ги во предвид сиве овие настани, а во неможност проблемот спогодбено да се разреши – Вујошевиќ се решава да покрене судски спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Спорот е покренат во месец јули 2000 година, за време на мандатот на еден функционер т.е. претседател ССМ, а е завршен во мандатот на друг.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Денес се случи да појадувам дури во 13:00 часот, па имам чувство како допрва да почнува работниот ден, додека во изминатите утра доручкував со самото пристигнување на работа, не затоа што чувствував неодложна потреба, туку ете така, доручекот си го имав сфатено како обврска, како една од работните задачи која мора да биде итно завршена и ако не биде систематски завршена во предвиденото време, ќе ми ги помести останатите обврски во денот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Иако овој циклус е завршен во списаниево, се разбира дека Маргина и понатаму е широко отворена за било кој тип на пристојна уметничка проза на македонски. 34 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Гордоста на нашата Федерација, чија слава на оружјето требаше да ја пренесеме во земјите каде што нѐ испраќаше државата како нејзини највисоки преставници, евентуално и вешти трговци, сега беше завршена во купишта железо!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И размислуваше за тажниот привид на мајчиниот живот што удри свој печат врз сето нејзино суштество – живот на постојано одрекување завршен во лудило.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А таа сака да живее. Зошто да е несреќна? И таа има право на среќа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)