завршен (прид.) - студија (имн.)

Своевремено се здоби со осум дипломи на Институтот за источни јазици во Париз, покрај дипломите за завршени студии на Институтот за политички студии и Правниот факултет во Париз и Комората за британска трговија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имаше само неколку генерални настани од животот на Татко, кои не беа ставени под неговото необично ембарго: причините ненадејно да замине од родниот Подградец крај Охридското Езеро во Цариград, преку Солун по морски пат до Измир, неговите студии првин по шеријатско, а потоа по модерно право и исламска филозофија, враќањето во Поградец по завршените студии со факултетската диплома и лиценцата за адвокатура, работата како судија и адвокат во монархиска Албанија, напуштањето на Поградец во 1941 години бегајќи од фашизмот од својата окупирана земја, емигрирањето во Македонија и потоа приемот на југословенското државјанство, работата во еден од скопските повоени судови, работата во Националниот институт во Скопје, откривањето на битолските кадиски сиџили (ХVI-ХIХ век) и работата врз нивното средување и преведување до пензионирањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа тој, петроградски дипломец, со завршени студии по медицина и микробиологија, а Татко цариградски дипломец по правни студии, патот на судбината ги водеше кон Балканот, на бреговите на Езерото кое им се нудеше како дефинитивна татковина, губејќи ја надежта да се вратат во нивните земји.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)