забранет (прид.) - употреба (имн.)

Во рамките на Кралството СХС на македонскиот народ му била негирана неговата национална и културна посебност, била забранета употребата на македонскиот јазик, забрането формирањето на македонски политички партии, македонските презимиња биле заменети со српски и др.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во училиштата наставата се одвивала на српски јазик, а учителите биле дојдени од Србија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Официјалната бугарска политика застана на гледиштето дека македонски народ и нација не постојат.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По Резолуцијата на Информбирото во делот на Македонија под Бугарија беа укинати дотогашните национални права на Македонците кои ги уживаа во рамките на културната автономија во периодот 1944-1948 и беше забранета употребата на македонскиот јазик и било каква културно-национална пројава на Македонците.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)