заборавен (прид.) - и (сврз.)

Работеше нешто, повеќе белешкареше, за она време додека Змејко беше бригадир на градежната бригада, тоа време имаше доста такви белешкари и евидентичари, крај оние што работеа и што се натпреваруваа, а кога Змејко откажа да остане бригадир, тогаш уште првата утрина старецот ја изнајде некаде и ја зеде под мишка една стара заборавена и извалкана од рѓата синдикална книшка од 1922 година, што се беше сочувала меѓу алатите и отиде со неа кај Претседателот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа еден од оние моменти на помирување, кога упорниот глад во стомакот беше заборавен и кога неговата некогашна љубов беше привремено одново оживеана.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Счучурен е и собран како еже. Заборавен и отфрлен од сите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)