жолт (прид.) - путер (имн.)

Тој рече дека имал некоја стрина по име Цвета; дека била фризерка и дека имала дуќан во центарот на градот; дека како дете редовно наминувал кај неа во дуќанот, а таа по работата, откако ќе го затворела дуќанот, го водела дома и му мачкала едно парче леб со жолт путер; таква жолта боја никогаш веќе во животот немал видено, ниту пак некогаш повторно во животот сетил таков мирис.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Каде сѐ не прашувал каде може да се купи таков, жолт путер (каква чудна тавтологија, рече, но вистинита е, и неопходна да се опише токму тој путер); низ годините, по сите градови, по целиот свет, барал таков путер; путерот му станал опсесија, еден вид пасија; но никогаш и никаде не сретнал таква боја и таков мирис.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Што мислиш?“ го прашав. „Мислам на еден жолт путер од детството“, ми рече. „Раскажи ми“, реков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)