жилав (прид.) - независност (имн.)

Американската машкост, а со тоа и американската геј-мажественост, налагаат жилава независност, здрава самодоверба, висока самопочит: накратко, негирање на потребата, на болката, „на огорченоста, самосожалувањето и на другите неутешни односи кон лишеноста“.254 Значи, разбирливо е што склоп од културни практики чија цел е справување со стварноста на страдањето, пркосење на немоќта и копање простор за слобода во еден општествен свет признат како непријателски и угнетувачки не само што нема да им биде привлечен на многу денешни подредени луѓе, туку ќе го претставува она што повеќето од нас – вклучително и жени, геј-мажи и други малцинства – мора да го отфрлат за да се издигнат до самочувство на достоинственост, гордост, независност, самопочит, моќност и задоволство и покрај сѐ.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Самата геј-гордост е неспојлива со идентитет дефиниран од неуспех, разочараност или пораз.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)