жилав (прид.) - корен (имн.)

Подај ми ја раката јас мојата ќе ја кренам вишно стебло врз жилав корен да врзе.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Сето село станувало едно семејство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Задоволството исчезна, ко жилавите корења на нашите прадедовци пред огништето што плускоти, и лулиња со синкав чад, и поглед во далечина што зборува за отсутност...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Се работело на смени и ноќе, крај запален оган и под чадливи факели, и сето тоа движење на молчаливи сенки и сеништа чиниш било чинодејствие од некој друг непознат свет, небаре куп жилави корења биле поткренати од камен и земја со силата на мртвите пренесувачи на воденички камења.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие беа задоволни и што успеваа да ги откријат длабоките и жилави корени на стариот збор, влеани во корените на другите зборови, израснати заедно и најчесто одделиви од новото јазично ткиво.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така беше и со зборот аир, којшто се надоврзуваше на веќе толкуваните турски заемки инаетt, севап и атtер, а на четирите збора Камилски предложи да го разгледаат и зборот к`сметt или касметt.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сева корија и сиов камен што го гледате длабоко под мене протегна жилав корен и мојава става што вишнее усамена под ридов сте вие.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)