жесток (прид.) - шлаканица (имн.)

Бев лута, зашто поради тоа јас си добивав по некоја жестока шлаканица.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кејтеновиот син Исак Кејтен, како ништо да не се случило, како воопшто да не добил две жестоки шлаканици, сосема мирно му одговори на татенцето: Јас сум Кејтеновиот син, - рече, - Исак Кејтен. Кејтеновиот син, - повтори татенцето многу заинтересирано и прописно му приши трета.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)