естетски (прид.) - критериум (имн.)

А тоа му дава на кампот демократски полнеж, со што се заслабнуваат елитистичките или аристократските тенденции на машкиот геј-естетизам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога детската желба за „објективно сознание“ ќе биде отфрлена, знаењето ќе го судиме според естетски критериуми.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кога детската желба за „објективното спознание“ ќе биде напуштена, спознанието ќе го судиме по естетски критериуми.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кажав ли дека Велч бил геј? ‌Ова поматување на разграниченоста помеѓу убавината и стилизацијата создава можност да се ценат, дури и да се сакаат, предмети за кои се признава дека се грди, како викторијанското диванче на Дентон Велч.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Камп-вкусот ѝ го врти грбот на оската добро-лошо на обичниот естетски суд“, вели Зонтаг; „тоа е начин на вреднување – не суд“.273 Настрана сите естетски критериуми според кои може да се суди за таквиот предмет, камп-естетизмот ја поддржува формата – стилската кохерентност на еден целосно остварен стил – како вредност сама по себе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)