есенски (прид.) - сонце (имн.)

Не знам дали тоа е од некое предубедување, зашто патот водеше преку петролејските полиња и рафинерии, притиснат уште со тешкото есенско сонце, но воздухот мирисаше на петролеј, на нафта, на бензин.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа веселост, се потсети, прилегаше на есенско сонце – топло и пријатно ти ги грее коските, но сепак одвреме-навреме затреперуваш од неговиот прикриен студ – тоа сонце ти кажува дека доаѓа зимата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Китките од шарената узда му паѓаа над очи и мошне го нервираа, но знаеше што носи на себе, та не се осмелуваше да прави што сака Свиленото сеџаде светеше врз седлото, а златните пулејќи на уздата ласкаа на есенското сонце.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не е чудно тоа што човек со човек разговара, чудното е тоа што старецот си седи сам пред колибата, се пече на нежното есенско сонце, гледа преку Гола Глава и си зборува: „Ама ајде, ти и лани не погоди.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Млако есенско сонце се излева по булеварот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Засекогаш твој Петар“ Таа сабота повторно огреа топлото есенско сонце.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во тоа ведро утро, дамкаво од чавки и без роса во круните на дивото полско цвеќе, Јага Перуника не им ја отвори вратата, ни на бабуњосаното есенско сонце ни на стутканиот скитник со модринки по лицето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За мене овие ноќи се ретки како есенското сонце за чергари.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)