есенен (прид.) - време (имн.)

Пустиот му пат тежок, лош, преку орман, ваму времето намрштено, како есено време, месечинка ич, а дедот и помалку слеп, одвај излезе до Трибор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А есено време, што се вели, и студот е секаде заседнат. Отсекаде каса.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше есено време и во гумното обделкуваше еден влек платици.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ги подрашири мачно, мачно, како што се разденува во есено време...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Прибирајќи ги есено време коњите, Вите видел убави орници со богата паша, па една есен си направил нешто меќанец — колипка — во полите на овие високи планини, презимувал, а пролетта си ги дотерал и овците и говетцата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)